Дуро: На тренинзите не промашивме ниеден пенал

Струга Трим Љум не успеа да ја обедини двојната круна, откако загуби по пенали од Македонија ЃП. Регуларниот дел заврши 1-1, а во серијата стружани не погодија ниеден шут од белата точка.

Од целиот епилог изненаден е тренерот Шпетим Дуро, кој истакна дека неговите фудбалери тренирале пенали, но на тренинзите ги реализирале сите. Тој истовремено ѝ честита на Македонија ЃП за успехот.

„Честитки за Македонија ЃП за титулата. Имавме добар меч цели 120 минути, но тој несреќен гол што го примивме во првиот дел ги смени сите работи за нас. Трениравме пенали и се подготвувавме за нив, изненаден сум што не погодивме ниеден, затоа што на тренинзите фудбалерите ги реализираа сите пенали за време на подготовката“, изјави Дуро по мечот.

Поради Куп-титулата, Македонија ЃП ќе игра во Конференциската лига на УЕФА, додека Струга ја чека настап во првото коло во квалификациите за Лигата на шампионите каде ќе биде меѓу неносителите.