Дуро: Доминиравме скоро во сите сегменти, жалам што не славевме против Шкупи

Стратегот на Струга Трим Љум, Шпетим Дуро, смета дека неговиот тим заслужил победа во дерби натпреварот од Првата лига против Шкупи и жали што стружани не ја валоризирале својата доминација. 

Струга двапати имаше водство против скопскиот ривал, но на крајот Шкупи се избори за реми со конечни 2-2. Дуро е задоволен од пристапот на неговите играчи, но жали за испуштената шанса да се вратат на врвот на табелата. 

„Жалам што не извојувавме победа. Тимот одигра одлично, доминиравме скоро во сите сегменти од играта. Малкуте грешки доведоа до тоа да примиме два гола, но сметам дека мораше да го добиеме мечот со барем два гола разлика“, изјави Дуро, кој воедно изрази сомнеж за еден спорен момент за кој смета дека Струга требала да добие пенал. 

Актуелниот шампион на Македонија има само еден бод негатива во однос на водечкиот Шкупи, а во следното коло ќе отпатува во Кратово кај секогаш непредвидливиот тим на Силекс.