Дури дванаесет играчи на Јунајтед се отруле со храна во Молдавија?

Дури дванаесет играчи на Манчестер Јунајтед се чувствувале лошо ден по натпреварот од Лига Европа против Шериф. Молдавскиот клуб не успеа да изрежира уште една сензација против гигантите на европскиот фудбал. Минатата година приреди големо изненадување кога во Мадрид го совлада Реал, кој подоцна ја освои Лигата на шампионите.

Сега, во второто европско клупско натпреварување ѝ гостуваше екипата на Манчестер Јунајтед, и молдавскиот клуб беше поразен со 0-2. Но, освен победата со головите на Џејдон Санчо од 17. минута и на Кристијано Роналдо од 39. минута, англискиот клуб нема да го памети по добро гостувањето во Молдавија.

Дури дванаесет играчи на англискиот гигант се чувствувале лошо во петокот, ден по натпреварот, пренесува британскиот весник „Сан“. Наводно се работи за труење со храна, па неколку играчи поради тоа го прескокнаа петочниот тренинг, а некои ја пропуштија и саботната фотосесија.

„Црвените ѓаволи“ имаа среќа во несреќата, затоа што нивниот премиерлигашки натпревар со Лидс беше одложен поради националната жалост поради смртта на кралицата Елизабета Втора. 

Во Јунајтед истражуваат дали играчите добиле труење со храна во Кишињев или можеби од авионот на враќање во Англија.

Состави

Stjepan Tomas

4-3-3

    Ерик тен Хаг

    4-2-3-1