• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалер Филип Дурански има нов клуб затоа што постигна договор со тимот на Олимпијакос Никозија од Кипар.
30-годишниот играч од средниот ред последната сезона ја мина во Албанија каде играше во тимот на Егнатија Рогожина и беше еден од најстандардните. Не ја продолжи соработката и како слободен се сели во најквалитетното друштво на Кипар.
За Дурански ова ќе биде нова странска станица, по оние во Албанија, Ерменија, Словачка и Чешка. На домашната сцена играше за Силекс, Работнички и Хоризонт Турново.