ВИДЕО: Дупка „проголта“ рефлектор и трибина на фудбалско игралиште во САД

Во американскиот град Алтон, во сојузната држава Илиноис, дошло до уривање на тлото во паркот Гордон Мур. Направена е дупка широка 30 метри која ги проголта рефлекторите и трибините на фудбалскиот терен, а според информациите на телевизиската станица „КСДК“, причина се рудниците лоцирани на тој простор. За среќа во моментот на колапсот никој не бил на теренот.

Директорот на Градските паркови и рекреација Мајкл Хејнс го коментираше настанот.

„Беше надреално, како во филмовите каде што земјата едноставно исчезнува под тебе. Мините се на оваа област со децении. Ќе почекаме до крајот на истрагата", рече Хејнс, откривајќи дека фудбалските игралишта во паркот биле изградени во 2019 година.

Најавените настани на тоа поле се одложени додека не заврши истрагата, соопштија градските власти на Алтон.