• Зоран Мишевски

Гевгелиски Кожуф ги започна подготовките за новата сезона во Втората лига. Клубот од југот на земјата ќе има нов шеф на стручниот штаб во името Благој Дуганов, додека пак негови помошници ќе бидат Стојче Крчев и Трајче Ников.
Саше Дуков се врати во Кожуф од Детонит Плачковица, а повратник е и Марио Симоски од Осогово.
Кожуф договори и пријателски натпревари против Новаци на 25 јули, а три дена подоцна следува тест против Беласица. На 1 август е закажан контролен натпревар против Брера Струмица, а генералката е закажана за 8 август против Детонит Плачковица.Целта на тимот кој минатата сезона преку бараж избори опстанок ќе биде што повисок и подобар пласман од минатата сезона.
Кожуф новата сезона ја отвара на 15 авгист против ланскиот прволигаш Работнички во Скопје.
