Дуелот на „вечните“ од птичја перспектива: Битола го положи испитот (ВИДЕО)

Фудбалска Македонија ја испиша најубавата клупска приказна во оваа сезона. По скоро 10.000 гледачи во првото „вечно дерби“ во Скопје во август, вечно ќе се памети и вториот дуел меѓу Пелистер и Вардар сезонава.

Во Битола првпат се играше под светлото на рефлекторите, а стадионот беше полн еден час пред првиот судиски свиреж. Организаторот се погрижи за спектакл, а како изгледаше дербито од птичја перспектива погледнете од професионалниот видео материјал на Дамјан Гугучевски:

  • „Вечното дерби“ од птичја перспектива:

Пелистер извојуваше победа од 1-0, а единствениот гол го постигна Мирко Ивановски во судиското надополнување.