Дуелот меѓу Шкупи и Брегалница Штип доби нов термин на одигрување

Екипата на Шкупи во следниот меч од македонскиот шампионат ќе биде домаќин на разиграната Брегалница Штип.

Чаирчани ќе бидат фаворити за бодовите, но и тимот на Марјан Секуловски ќе има што да каже на овој меч. Тоа ќе биде битка меѓу лидерот и четвртиот тим на табелата по единаесет одиграни кола во ПМФЛ.

Натпреварот ќе биде единствен кој ќе се одигра в петок (29 октомври). Причина за ова преместување на терминот е директниот пренос на Македонската телевизија и Арена Спорт.

Штипјани ќе гостувааат на Чаир во 14:00 часот и ќе се обидат да ја изненадат екипата на Гоце Седлоски.