• Сашо Поповски

Ерлинг Халанд и Вирџил Ван Дајк го сочинуваат најинтересниот дуел на натпреварот меѓу Норвешка и Холандија.
По првиот дел резултатот на семафорот гласи 1-1. Домашниот голгетер успеа да го постигне единствениот погодок за својата репрезентација, со многу среќа и тоа во директен дуел со капитенот на „лалињата“.
- Голот на Халанд против Холандија:
Пред крајот на полувремето израмни Дави Класен, по асистенција на Џорџино Вајналдум.