Дуелите кои ќе го дадат есенскиот првак во мак-фудбалот на старт на колото

Последното коло од есенскиот дел во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) се игра викендов, а во петок ќе биде познат есенскиот првак во мак-фудбалот затоа што ФФМ ги постави мечевите на Вардар и Струга во ист термин.

Актуелниот лидер гостува кај Македонија ЃП, додека Струга патува кај Тиквеш во Кавадарци. Тие дуели се играат во петок, а останатите се распоредени до понеделник.

  • ПМФЛ, 16. коло:

5. декември (13:00, Скопје)
Македонија ЃП - Вардар
5. декември (13:00, Кавадарци)
Тиквеш - Струга ТЛ

6. декември (13:00, Куманово)
Башкими - Шкендија

7. декември (13:00, Скопје)
Работнички - Силекс

7. декември (13:00, Струга)
Шкупи - Брера Струмица

8. декември (13:00, Гостивар)
Арсими - Пелистер

Разликата на табелата меѓу Вардар и Струга на врвот е само еден бод.