Дуел од мундијалските квалификации одложен заради обид за пуч

Натпреварот меѓи Бразил и Аргентина не го доживеја својот крај, но не беше единствен неодигран натпревар од мундијалските квалификации за време на викендот. Дуелот од африканската зона квалификации за Светското првенство во 2022 помеѓу Гвинеја и Мароко е откажан по обидот за пуч во Гвинеја.

Во оваа земја во тек е воен удар, со престрелки на улиците на главниот град Конакри, каде што требаше да се одигра мечот.  ФИФА објави дека, политичката и безбедносната ситуација во Гвинеја е нестабилна, но нема алтернативен термин и место за одигрување на натпреварот. 

Мароканската репрезентација се наоѓа во Конакри, а нивниот селектор, Вахид Халилхоџиќ за француските медиуми потврди дека се слушаат „пукотници речиси цел ден“.

Постои можност за одигрување на натпреварот во Европа, но дури во следниот ФИФА-прозорец од квалификациите, закажан за следниот месец.