Дуел на шампионите на „Младост“ на стартот на сезоната

Актуелниот првак во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Шкендија, ја отвора сезоната во мак-фудбалот со гостување во Струмица, кај актуелниот Куп-првак, екипата на Академија Пандев.

Двете екипи се крунисаа со титулите во македонскиот фудбал, меѓутоа не се прославија на европската сцена. Шкендија испадна во првите мечеви на ЛШ и ЛЕ, а слично беше и со „пандевци“ кои добија лекција од Зрињски. Сега, фокусот е вперен кон домашно тло.

Шкендија нема проблеми со повредени играчи, Османи ќе може да смета на сите фудбалери, што значи дека Академија Пандев нема да има воопшто лесна задача во овој меч, иако игра пред својата публика. Тетовчани не поминувале лесно на „Младост“, затоа што во четирите меѓусебни средби во Струмица имаат само една победа и тоа на последното гостување.

  • МЕЃУСЕБНИ МЕЧЕВИ НА А. ПАНДЕВ И ШКЕНДИЈА:

19.05.2019 - Шкендија - Академија Пандев 4-1
03.04.2019 - Академија Пандев - Шкендија 0-1
28.11.2018 - Шкендија - Академија Пандев 0-1
29.09.2018 - Академија Пандев - Шкендија 0-0
25.04.2018 - Академија Пандев - Шкендија 2-2

Натпреварот од првото коло во ПМФЛ ќе стартува со почеток од 17:30 часот, а овој натпревар ќе се емитува на ТВ-екраните преку директен пренос. Главен судија ќе биде Димитар Мечкаровски од Скопје.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Академија ПандевАкадемија Пандев 6 4 2 0 7:1 6 14
2 ВардарВардар 1 6 4 1 1 8:3 5 13
3 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 1 6 3 2 1 10:6 4 11
4 ШкупиШкупи 6 2 2 2 7:7 0 8
5 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 1 6 2 2 2 6:8 -2 8
6 ШкендијаШкендија 2 6 2 1 3 6:4 2 7
7 РеноваРенова 2 6 2 1 3 5:8 -3 7
8 СилексСилекс 1 6 2 0 4 8:8 0 6
9 РаботничкиРаботнички 1 6 2 0 4 5:9 -4 6
10 БорецБорец 3 6 1 1 4 2:10 -8 4