Дуел на ослабените фаворити на Голд Купот

Ниту Соединетите Американски Држави, ниту Канада не се во најсилни состави на Голд Купот, но тоа не ја намалува желбата да се стане најдобра репрезентација на КОНКАКАФ федерацијата и да се симне од тронот рекордерот Мексико. Канаѓаните на турнирот допатуваа без капитенот Милан Борјан, кој поради важноста на почетокот на клупската сезона и квалификациите за Лигата на шампионите остана во Црвена Звезда, а голем хендикеп за нив се случи во очи турнирот.

Сите квоти во MOZZART за натпреварот Канада - САД

Најдобриот играч на националниот тим, Алфонсо Дејвис, доживеа повреда на лигаментите на левото колено, поради што се врати во Минхен, но не само што ќе го пропушти Голд Купот, туку прашање е дали ќе може да игра за Баерн во воведните мечеви од сезоната.
Американците исто така се без најдобрите репрезентативци. Селекторот Грег Берхалтер на располагање воглавно ги има играчите од домашното првенство, но тоа не ја намалува нивната улога на фаворити не само во овој меч, туку и на целиот турнир. 

Сите квоти во MOZZART за останатите натпревари од Голд Купот

Ова натпреварување, инаку, и за едните и за другите ќе послужи како загревање за мундијалските квалификации кои започнуваат во септември, но и за стекнување искуство за Светското првенство кое во 2016 година ќе го организираат заедно со Мексико.  
Претходниот пат овие две селекции се сретнаа во 2019 година во Лигата на Нации. Во период од еден месец прво Канада славеше како домаќин со 2-0, а потоа САД со 4-1. Последен пат на Голд Купот се сретнаа уште во 2011 година, кога Американците победија со 2-0 во борбата за пласман во четвртфиналето.