Дуел на максималните во Минхен, Баер ќе го предизвика шампионот

Во четвртото коло од германскиот шампионат се среќаваат единствените две екипи со максимален учинок од претходните три: Баерн Минхен ќе му гостува на Баер Леверкузен.

Сите квоти во Mozzart за натпреварот меѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен

Баварците претходно ги совладаа Вердер со 4-0, Аугсбург со 3-1 и Борусија Менхенгладбах со 2-1, додека „фармацевтите“ беа подобри од РБ Лајпциг со 3-2, исто така Борусија Менхенгладбах со 3-0, како и новиот прволигаш Дармштад со 5-1.

И двете екипи доста ефективно влегоа во сезоната, а бидејќи паузата поради распоредот за репрезентациите е зад нас, Томас Тухел и Чаби Алонсо имаа време да ги координираат акциите со своите тимови. Додуша Тухел со помал број стандардни првотимци, но секако треба да очекуваме отворена игра, а тоа значи потенцијално голем број на голови. Претстојниот натпревар ќе биде и увертира за меѓународната сцена, каде Баерн во среда ќе игра како домаќин против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, додека Леверкузен во четврток на домашен терен го пречекува шведски Хакен.

Квоти за останатите натпревари во Бундеслигата

Ако не го сметаме долгоповредениот Мануел Нојер, Баварците немаат поголеми проблеми во својот тим, неизвесни се Гереиро, Мусиала и Бушман, додека гостите се без Патрик Шик, Артур, а под знак прашалник е Тимоти Фосу-Менса.