• Саше Љолес
Младата ѕвезда на ПСЖ, Дезире Дуе, во разговор со француските медиуми изјави дека е пресреќен од освоената европска титула, но се наврати и на периодот од минатиот преоден рок, кога многумина се потсмеваа со неговиот трансфер во редовите на „светците“.
Дел од јавноста го потцени Дуе и сметаше дека ПСЖ не треба да плати 50 милиони евра за 18-годишен играч, но потоа младиот талент го покажа својот раскош и заслужено се искачи на покривот на Европа.
„Беше тоа тежок период за мене, но знаев дека ќе имам прилика да ги покажам своите квалитети. Некои луѓе ме гледаа како замена за Мбапе, но јас воопшто не размислував така. Само еден спортски новинар напиша дека можам да бидам огромно засилување, сите други ме отпишаа.
Не патам за лична сатисфакција во медиумите, но мислам дека мора играчите да добијат шанса да се докажат. Најлесно е да критикувате. ПСЖ покажа дека е силен колектив и јас сум пресреќен што сум дел од оваа историја“, рече Дуе.
Дезире Дуе сега има 19 години и се наметна како еден од лидерите на новиот европски шампион. Постигна два гола во финалето против Интер, а запиша и една аситенција.
ФОТО/PHOTO: Paris Saint Germain/Facebook