• Саше Љолес
Младиот талент на ПСЖ, Дезире Дуе, одново ги покажа своите извонредни фудбалски способности, постигнувајќи прекрасен погодок на натпреварот против Ливерпул во Лигата на шампионите.
Публиката на „Паркот на принцовите“ еруптираше во единаесеттата минута, кога Дуе го матираше Мамардашвили со луциден удар од работ на шеснаесетникот.
Актуелниот европски шампион е во одличен налет на стартот од првата пресметка со славниот англиски великан.






