ВИДЕО: Дуе и Рамос стрелаа, ПСЖ не запира со победите во Лига 1

Ништо ново во француската Лига 1. Старо-новиот шампион ПСЖ извојува уште еден триумф, овој пат над Авр со 2-1 (1-0). Сонот за освојување на трофеј без ниту еден пораз во домашната лига останува за екипара на Луис Енрике Гарсија Мартинез.

Тренерот од Хихон го изротира тимот и им даде шанса на оние фудбалери кои играат помалку во месец април посебно во двомечот со Астон Вила.

Творци на победата за „светците“ беа Дезире Дуе и Гонзало Рамос, кои стрелаа по еднаш во двете полувремиња, носејќи нови три бода за парискиот состав, а единствениот погодок за гостите го постигна Иса Сумаре. 

ПСЖ сега има 77 бода, дури 24 повеќе од второплаираниот Монако, додека Авр останува во опасната зона со 27 бода, два помалку од Ремс, кој е прв на сигурните позиции.