Дуделанж ќе биде противникот на Шкендија во квалификациите за ЛЕ

Дуделанж

По елиминацијата од квалификациите за Лигата на шампионите, екипата на Шкендија го дозна противникот во второто коло од квалификацискиот циклус за пласман во Лига Европа.

Македонскиот првак ќе патува за Луксембург каде ќе се соочи со Дуделанж кој денес беше елиминиран од Валета од Малта (1-1). Првиот меч меѓу овие два тима исто така заврши без победник (2-2), па решаваа постигнатите голови на гостински терен.

На првиот натпревар на 25 јули тетовчани ќе бидат домаќини, а потоа ќе играат реванш на гостински терен на 1 август.

На стартот од квалификациите за Лигата на шампионите, фудбалерите на Ќатип Османи доживеаја неочекуван пораз во Скопје и потклекнаа во двомечот против Номе Каљу од Естонија.