Дрита пред дуелот со Силекс се засили со екс-вардарецот Брдаровски

Поранешниот десен бек на Вардар, Владица Брдаровски својата кариера ќе ја продолжи во косовската прва лига, каде ќе го засили шампионот Дрита.

Иако за неговите услуги имаше сериозен интерес од неколку клуба од Грција и Кипар, искусниот дефанзивец се одлучи да ја прифати понудата од Дрита и во текот на денот се очекува да биде промовиран за нов фудбалер на тимот.

Трансферот на Брдаровски во Дрита доаѓа непосредно пред дуелот на косовскиот шампион против нашиот Силекс, во рамки од квалификациите за Лигата на Европа. 

Денес уште еден екс-вардарец си пронајде нов клуб. Тоа е голманот Филип Гачевски, кој се пресели во кипарски Енозис.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.