Дрита одигра ефикасно реми против српска Јагодина

Македонскиот второлигаш Дрита со ефикасно реми против српскиот прволигаш Јагодина продолжи со контролните натпревари во пресрет на пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига – Запад.

Македонскиот тим подобро го отвори натпревари во Охрид и пред крајот на првиот дел поведе со 1-0. Во вториот дел Јагодина покажа подобра и за краток период направи пресврт и го презеде водството, но во самиот финиш Дрита се избори за 2-2.

Претходно, Дрита одигра тест средби со Кек и Ранова, а до крајот на подготовките ќе се судри со Слога Виница, а не се исклучува можноста да закажи уште најмалку еден контролен натпревар.