ВИДЕО: Дрита од отпадок ѝ даде гол на Шкендија во Приштина!

Екипата на Дрита дојде до позитива во дуелот со Шкендија (1-0) кој се игра во рамки на Конференциската лига на УЕФА во Приштина.

Косовскиот тим до голот дојде во 21. минута, кога Арб Манај налета на една отпадот топка по еден центаршут во шеснаесетникот на тетовчани и ја смести зад грбот на голманот Гаје.

Овој меч е од голема важност и за двете екипи, затоа што се борат за место во нокаут-рундата.