Дрита ја прекина соработката со Шабани, Лечи, Мема и Тофилоски

Дрита

Косовскиот шампион Дрита преку социјалните мрежи потврди дека се раздели со четворица фудбалери. Се работи за Буњамин Шабани, Дарко Тофилоски, Лиридон Лечи и Лирим Мема.

Од нив Тофилоски и Лечи имаа истечени договори, а останатите двајца спогодбено ја раскинаа соработката иако договорот им завршуваше наредното лето.

Косовското првенство нема дефинирано конкретен датум за почеток на новата сезона, но тоа се очекува да биде во септември.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.