Дрита и Шкендија ќе играат дуел за историска нокаут-рунда во Европа!

Екипата на Дрита направи голем подвиг, славеше на гостувањето кај Шелбурн во Ирска (0-1) и тимот го чека жешко следно коло, затоа што со македонскиот првак ќе игра меч за нокаут фаза.

Дрита до победата дојде со голот на Ајзерај во 57. минута. Косовскиот првак предводен од македонскиот тренер Зекирија Рамадани на контото има пет бода, додека Шкендија на гости доаѓа со четири бода.

Проекциите и математиките од аналитичарите велат дека седум бода се доволни за да се игра нокаут-фаза и да се обезбеди европска пролет, па ако овој дуел даде победник, веројатно ќе даде и еден од учесниците во следната рунда.

Натпреварот меѓу Дрита и Шкендија е закажан на 27 ноември во 21:00 часот на стадионот „Фадиљ Вокри“.