Дрис Мертенс сè поблизу до нов договор со Наполи

Белгијското крило, Дрис Мертенс има договор со Наполи до 30 јуни. Иако се најавуваше дека како слободен агент заминува од клубот, ситуацијата се промени во последните денови. 

„Партенопеите“ го загубија Лоренцо Инсиње како слободен агент, а тоа не сакаат да се случи и со Мертенс. Поради тоа, преговорите се поинтензивни за продолжување на соработката. Проблем досега беше платата, меѓутоа веројатно Белгиецот ќе попушти. 

Се најавува дека Мертенс е спремен да прифати два милиони пониски примања, за да остане на „Диего Армандо Марадона“. Клубот не сака да си дозволи да загуби уште еден играч кој стана легенда и е миленик на навивачите, па поради тоа прави сè за да го задржи. 

Ељиф Елмас и соиграчите во завршената сезона беа во трката за скудетото, но со неколку киксови во пресрет на завршницата отпаднаа и се одржаа на третото место зад Милан и Интер.