• Иван Димовски

Диего Армандо Марадона е во потесен круг кога станува збор за најдобрите играчи на сите времиња. Смртта на поранешниот фудбалер предизвика бројни реакции во светот, кои не стивнуваат ниту неколку денови подоцна.
Можеби најпознат натпревар во кариерата на Марадона е оној против Англија на Мундијалот во 1986 година. Тогаш, покрај популарната „Божја рака“ и нерегуларниот гол, тој го даде и „Голот на векот“, кога ја издрибла целата одбрана на Англија.
Сега по неговата смрт, познато е каде завршил дресот од тој фамозен натпревар кој го носеше Марадона. По натпреварот, Аргентинецот разменил дрес со Стив Хоџ, кој сè уште го поседува.
Светските медиуми направија проекција колку тој дрес би вредел на аукција и наведоа дека цената би била минимум околу два милиони евра.