ФОТО: Дресот на Столе по Барса заврши кај познатиот Фабрицио Романо

Столе Димитриевски имаше уште една добра партија во шпанската Примера и тоа против шампионот Барселона. Рајо успеа да одолее на свој терен, и иако долго водеше одигра „само“ нерешени 1-1. Македонскиот голман солидно го бранеше својот гол, а немаше многу шанси да го спречи шутот за реми на Роберт Левандовски.

По натпреварот кумановчанецот имаше средба со еден од најпознатите спортски новинари и веројатно најдобар трансфер познавач, Фабрицио Романо. Италијанскиот новинар се сретна со Столе, а си доби и подарок дрес од натпреварот со каталонскиот гигант. Романо сподели фотографија со Димитриевски и му се заблагодари за подарокот.

Токму периодов се зборува доста за потенцијалното заминување на Димитриевски од Рајо Ваљекано. Македонската „единица“ има договор до ова лето, за него се интересираат неколку поголеми шпански клубови, а иако самиот тој нагласи дека е среќен во Рајо, нема да изненади ако направи чекор погоре во кариерата.

Инаку, ова беше петти натпревар во низа во кој Барселона не знае за победа над Рајо Ваљекано. Последен пат гигантот славеше во 2019 година, а оттогаш Рајо победи трипати, додека два меча завршија со реми исход.

Состави

Иниго Перез

4-4-2

    Ханси Флик

    4-3-3