Драмата продолжува, Еквадор и натаму може да остане без Мундијал

Учеството на Еквадор на претстојното Светско првенство одново е под знак прашачник. Причината е повторно иста, настапите на десниот бек Бирон Кастиљо во квалификациите за Мундијалот. Фудбалерот веројатно поседува лажни документи, не е ниту роден во Еквадор, туку во Колумбија, па така нема услови за настап за Еквадорците. 

Чиле беше селекцијата која упати официјална жалба, а ФИФА тоа го отфрли. Сепак, случајот е во рацете на Комисијата за жалби, па таму ќе се скрои судбината на Еквадор. Во ситуацијата на Кастиљо има и друг проблем од 2016 година, кога тој правеше трансфер од Нортамерика во Клуб Елемек. 

Тоа предизвика истрага, Еквадорскиот сојуз ја суспендира Нортамерика поради добивање корист од играчи со лажни документи. Во случајот на Кастиљо, државниот регистар на Еквадор не може да го пронајде оргиналниот документ, а пред неколку години донесен е заклучок дека документот на играчот е лажиран.

Според пишувањето на англиските медиуми, ФИФА ја одложува одлуката за да не се поремети рамнотежата пред Мундијалот. Сепак, одкупата е на Комисијата, а истата треба да пристигне во наредниот период.