Драмата доживеа крај: Заврши „љубовта“ меѓу Перишиќ и Хајдук

Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ е слободен фудбалер, затоа што го раскина договорот со Хајдук од Сплит, соопштија од клубот. Крилото дојде како огромно засилување, надежите за титула се кренаа во Далмација, меѓутоа, ова е голем шок за фановите.

Ситуацијата ескалира откако тренерот Џенаро Гатузо соопшти јавно дека Перишиќ побарал од него да си оди. Затоа играчот беше исфрлен од првиот тим, а исто така доби и пцовки и навреди од навивачите.

„Жал ми е што се направи атмосфера која негативно се одрази на клубот, но посебно на Иван и неговата фамилија кои незаслужено доживеаа бројни нелагодности. Од првиот ден се знаеше дека Иван веројатно останува до крајот на летото. За жал, во последните неколку денови имаше несогласувања кои резултираа со заклучок дека соработката нема да биде продолжена. Во наредните денови ќе одлучиме дали излезот ќе биде во форма на трансфер или обостран раскин на договорот“, соопштија од Хајдук.

Иван Перишиќ се поврзуваше со заминување во Барселона, каде актуелен тренер е Ханси Флик, човекот со кој соработуваше во Баерн Минхен.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.