Драма за Нерес и семејството: По мечот на Наполи биле мета на вооружана кражба

Едно од засилувањата на Наполи ова лето, Давид Нерес, имаше нелагодна ситуација по мечот против Парма на „Диего Армандо Марадона“. 

По натпреварот Нерес со своето семејство со комбе требаше да биде пренесен од стадионот до хотелот. Сепак, на патот комбето беше пресретнатно од криминалци кои со огнено оружје го запреле на улица. Тие го скршиле стаклото и му впериле пиштол на Нерес, заканувајќи се дека ќе пукаат ако не им го даде скапоцениот часовник. 

Бразилецот по случката веднаш пријавил во полиција, па надлежните се во потрага по сторителите. 

Десетина дена по доаѓањето на југот од Италија, Нерес доби „топло добредојде“.