• Иван Димовски

Во рамките на Втората лига во Србија на средбата меѓу Слобода и Вождовац дојде до тешка повреда уште на стартот.
Течеше четвртата минута кога Лука Недовиќ во дуел за топка невнимателно го удри Се Јин Миунга со копачка в глава. Кореецот веднаш падна на тревникот, докторите му укажаа помош, а потоа со возило на итна помош беше пренесен во болница иако делуваше дека сè ќе биде во најдобар ред.
За овој старт Недовиќ заработи црвен картон и практично цел меч Вождовац играше со десетмина, но и покрај тоа во судиското продолжение стигна до триумф (0-1).