• Саше Љолес
Драматични сцени се случија на натпреварот од холандското првенство помеѓу НЕЦ Нијмеген и Гронинген. Домашниот состав извојува огромна победа со конечни 6-0, но мечот го одбележа моментот кога помошникот-тренер на НЕЦ, Рони Де Грот, доживеа срцев удар покрај теренот и веднаш беше реанимиран од медицинските лица.
Непријатната ситуација се случи при водство на домаќините од 5-0, а тренерот веднаш беше префрлен во болница, каде е задржан на дополнително лекување.
„Разговаравме со медицинскиот персонал, кој ни предочи дека нашиот Рони ќе мора да остане во болница уште најмалку една седмица. Досега не знаевме дека има проблеми со срцето, а веројатно ни тој не знаел ништо за тоа.
Важно е дека во моментов се чувствува добро, а нашите мисли се со него и неговото семејство“, изјавија претставници на холандскиот клуб.
НЕЦ Нијмеген на крајот победи со убедливи 6-0 и стигна до 13 бода, со кои дојде на десеттата позиција на табелата.