Драма во финалето на холандскиот Куп, мал клуб од Девентер освои трофеј по 92 години!

Го Ахед Иглс од Девентер влезе во историјата на холандскиот фудбал со освојувањето на нивниот прв национален Куп. Во финалето го совладаа АЗ Алкмар со 4-2 по изведувањето пенали, а натпреварот ќе остане запишан во историјата како еден од највозбудливите во натпреварувањето.

АЗ Алкмар поведе во 54. минута преку Ирецот Трој Парот, кој првично промаши пенал, но доби нова шанса, бидејќи голманот на противникот Јари де Бусер прерано ја напушти линијата. Парот беше прецизен во вториот обид и му донесе водство на АЗ Алкмар. „Орлите“ не се предадоа и израмнија длабоко во судиското продолжение. Во 96. минута, по една контроверзна ситуација, во која Пеер Купмајнерс ја запре топката со рака во сопствениот шеснаесетник, судијата Дени Макели досуди пенал. Капитенот Матс Дејл сигурно ја реализираше најстрогата казна и го одведе натпреварот во продолженија.

Во продолженијата и двете екипи имаа шанси, но голманите, особено Де Бусер, се истакнаа. Победникот беше решен по изведувањето пенали, каде споменатиот Бусер стана апсолутен херој. Тој одбрани два удари на играчите на АЗ Алкмар (Бурместер и Лахд), а Јулиус Дирксен го реализираше победничкиот пенал за конечни 4-2.

За Го Ахед Иглс ова е прв голем трофеј од 1933 година кога го освоија холандскиот шампионат, четврти во историјата на клубот. Ова беше нивно второ финале во Купот, откако загубија од Феенорд во 1965 година. Оваа историска победа му донесе на Го Ахед Иглс место во групната фаза од Лига Европа.

  • Извештај од натпреварот:

Финалето го одбележа и несреќа надвор од теренот. Во сообраќајна несреќа на пат кон стадионот учествувале два автобуса со навивачи на АЗ Алкмар, при што пет лица се повредени.