ВИДЕО: Драма до последна секунда, Ѓургарден ја освои титулата во Шведска

Ѓургарден ја освои осмата титула во шведскиот шампионат. Во една од најдраматичните сезони во историјата на тамошното првенство, на тимот од Стокхолм во последното коло му требаше само бод за да го потврди лидерското место. На гостувањето кај Норчепинг, Ѓургарден одигра 2-2 за освојување на трофејот.

Во трката за титулата уште беа и Малмо и Хамарби, а до претходното коло математички шанси имаше и минатогодишниот првак АИК Солна. Ѓургарден во пресрет на последното коло имаше 65 бодови, додека Малме и Хамарби по 62. 

Малмо денес убедливо го совлада Еребро на гости со 5-0, додека Хамарби дома го доби Хакен со 4-1. Дјургарден на стартот на натпреварот губеше со 2-0 од Норчепинг, но успеа да ја анулира негативата за огромно славје. Доколку Ѓургарден загубеше денес, сите три тима ќе имаа ист број бодови, а во тој случај Малме ќе беше прв поради најдобра гол разлика додека Ѓургарден ќе паднеше на третата позиција. 

Екипата на Ѓургарден, 14 години чекаше на титула во првенството, а со осмата освоена круна се искачија на четвртото место на вечната листа пред Хелсинборг. Пред нив се лидерот Малме со 23, а по 13 имаат Гетеборг и Норчепинг.

  • Огромното славје за титулата: