Дракслер има нов клуб, кариерата ја продолжува во Катар

Поранешниот светски првак со Германија од 2014 година, Јулијан Дракслер, направи неочекуван трансфер. Тој кариерата ќе ја продолжи во редовите на Ал-Ахли од Доха. 

29-годишникот за сума од девет милиони евра замина од ПСЖ и ќе заигра во Катар. Дракслер парафира двегодишна соработка со клубот од Доха. Се очекува тој да биде прва ѕвезда на тимот, а од „европјаните“ во Ал-Ахли настапува Идриса Думбиа, екс играчот на Спортинг

Дракслер одлучи во период кога имаше егзодус на играчи кои се преселија во Саудиска Арабија, за катарска опција. Кариерата му тргна во Шалке, потоа во 2015 година за 43 милиони евра се пресели во Волфсбург. Две години подоцна неговиот договор го откупи ПСЖ, а минатата сезона беше позајмен во Бенфика

За репрезентацијата на Германија, Дракслер одигра 58 натпревари од своето деби во 2012 година, а последен пат беше дел од тимот во март минатата година.