Драконска казна за екс-селекторот на Кина кој „продаваше“ места во репрезентацијата!

Своевремено еден од најпознатите кинески фудбалери Ли Тие живее тешки денови, бидејќи е осуден на затворска казна во времетраење од 20 години поради давање, примање мито и влијаење на фудбалски резултати. 

Ли Тие кој порано играше за Евертон со успех, а беше и селектор на Кина си ја доби казната за обвиненијата кои беа претставени. Тој се терети и призна дека за време на периодот кога бил селектор примил мито во висина од 120 милиони јуани (околу 16,5 милиони долари). Ли „продавал“ места во репрезентацијата, а тоа судот на крајот максимално го казни. 

Исто така Ли Тие им помагал на клубовите да носат играчи за пари, а сето тоа го призна пред судот оваа година. Поради тоа му е одредена драконска казна од 20 години. 

Инаку, Кинезите одамна се борат со корупцијта во фудбалот. Новата влада имплементира нови мерки, а во последниот период имаше доста казни, суспензии и исфрлања од спортот.