ФОТО: Драгослав Шекуларац испратен во вечноста во Белград

Легендата на југословенскиот фудбал и на Црвена Звезда, Драгослав Шекуларац, почина во својата 81 година, а неколку дена по смртта, достојно е испратен меѓу легендите.

Пред илјадници пријатели и почитувачи на неговото дело во фудбалот, тој е погребан на гробиштата во Белград. Го нарекуваа „кралот на дриблинзите“, втората звезда на Црвена Звезда по Рајко Митиќ, а сите ќе го паметат како виртуоз и мајстор на фудбалската игра...

Еден од најдобрите фудбалери кои некогаш заиграле на балканските простори роден e во Штип во 1937 година. Во дресот на „црвено-белите“ дебитираше во 1955 година, а одигра 470 натпревари и постигна 119 гола. Освои седум титули во националното првенство и пет купови.

Во националниот тим на Југославија настапи на 41 натпревари и шест пати се запиша во листата на стрелци.

Како тренер дебитираше на клупата на Црвена Звезда во сезоната 1988/89, а веќе наредната година ја освои двојната круна со огромни десет бода предност пред второпласираниот Динамо Загреб.