„Драгонки“ ќе ги отворат квалификациите против Сараево

Македонскиот женски фудбалски шампион ЖФК Драгон пред неколку дена ги дозна своите противници во квалификационата група од Лигата на шампионите. Од 7 до 13 август во Сараево, „драгонки“, ќе се борат за влез во главната групна фаза на Лигата на шампионите против Сараево, Брајдаблик од Исланд и Тел-Авив од Израел.

На 7 август првиот дуел македонски шампион ќе го одигра против Сараево, три дена подоцна ќе се соочи со Тел Авив, а на 13 август во третото коло ќе игра против Бјардалбик.

Само победниците на сите десет групи ќе се квалификационите натпревари наесен. Шансите на ЖФК Драгон не се големи, па целта е добра презентација и обид да се запише барем една победа.

Титулата од Лигата на шампионите ја брани францускиот Лион, а финалето сезонава ќе се игра во Виена во мај 2020 година.