Драгон со висок пораз од Сараево ги започна квалификациите за ЛШ

Македонскиот женски фудбалски првак, ЖФк Драгон со пораз ги започна настапите во квалификациите за Лигата на шампионите.

На гостувањето во Босна и Херцеговина во рамки од првиот натпревар од групната фаза од квалификациите, драгонки забележаа убедлив пораз од 5-0 (1-0) од тимот на Сараево. 

Нашите девојки, иако примија гол по само девет минути игра, добро парираа во првите 45 минути, но во вторите тотално потфрлија и му дозволија на Сараево да им ја наполни мрежата. Резултатот го отвори Медиќ, додека во второто полувреме во листата на стрелците се запишаа Спахиќ, Ѓоковиќ, Бојат и Куц.

Во следното коло, кое на програмата е за три дена, ЖФК Драгон ќе се соочи со Бреидаблик од Исланд, а групната фаза ќе ја заврши со меч против АСА Тел Авив.