Драгон со победа од 8-1 над Кочани ја одбрани титулата шампион на Македонија

Фудбалерките на Драгон повторно се освојувачки на титулата во домашниот шампионат, откако по победата над Кочани од 8-1, на две кола пред крајот на сезоната ја осигураа втората титула во низа во историјата на клубот.

До победата екипата од Скопје дојде на гостински терен во Кочани, токму против најсериозниот конкурент, со оглед на тоа што токму Кочани се наоѓа на второто место на табелата. Осумте погодоци кај „драгонки“ заминаа зад имињата на Андревска, која постигна хет-трик, Димовска и Битевиќ стрелаа по двапати, а во листата на стрелци се запиша и Тодоровска. 

Предноста на Драгон на две кола пред кајот на шампионатот во однос на Кочани сега е 10 бода.