Драгон прими единаесет гола од исландски Брајдаблик

Македонскиот фудбалски првак во женска конкуренција Драгон доживеа нов висок пораз во Лигата на шампионите и убедливо загуби од исландски Брајдаблик (0-11).

Драгонки шутнаа само еднаш кон голот во текот на целата средба, додека противникот беше супериорен во сите сегменти.

Гунлаугсдотир, Антонсондотир, Торвалдсондотир, Магнусондотир стрелаа во првото полувреме, а во вториот дел, хет-трик даде Торвалдсондотир, додека по еднаш стрелаа Антонсдотир, Вилјамсдотир, Јохансдотир и Магнусдотир.

За Драгон ова беше втор пораз во квалификациите за ЛШ по стартниот од Сараево. Последниот меч од групната фаза македонскиот тим го игра против АСА Тел Авив од Израел.