Драгон го врати шампионскиот пехар во женскиот мак-фудбал

Екипата на Драгон се врати на шампионските патеки, откако оваа сезона дојде до трофеј во македонската фудбалска лига, трет во историјата.

Во последното коло драгонки ја остварија потребната победа над битолски Атлетико и се закитија со шампионското злато.

Годинава ја завршија со 19 победи и само еден пораз од ривалот Тиверија Струмица, кој беше недоволен за струмичанки поради полошата гол-разлика во меѓусебните средби.

Поради победата во првенството, Драгон ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите.