Драгарски и Фазлиу потпишаа едногодишни договори со Пелистер

Пелистер

Новиот прволигаш Пелистер полека ја гради екипата за наредната сезона, кога одново ќе биде дел од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Нови договор во должина од една година добија Лаврдим Фазлиу и Христијан Драгарски. Тие ќе ги бранат боите на клубот во наредната сезона, а потоа, во зависност од настапите, ќе одлучуваат за својата иднина.

Претходно пелистерци се пофалија со трансферите на Кочоски, Пејаковиќ, Илиески, Талески и Танушев.

Тимот од Битола го започна планирањето за новата сезона со продолжувањето на договорите со тренерот Зоран Штерјовски и спортскиот директор Пеце Коруновски.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.