• Горан Упале
Фудбалерите на Чиле извојуваа победа над ДР Конго со резултат од 2-1 (0-0) во пријателски натпревар одигран во Франција. За Конго, ова беше генерална проба пред почетокот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, додека Чилеанците не се квалификуваа за овогодишниот Мундијал.
Самиот натпревар беше многу негледлив и без многу возбудувања, а решавачкиот момент се случи во 52 минута. Тогаш Лукас Сепеда, напаѓачот на Елче, го постигна првиот гол на натпреварот, а триумфот на јужноамериканците беше потврден во 86. минута со голот на Матијас Сепулведа. Африканците само ја намалија негативата на две минути пред крајот со голот на Јорис Кајембе, но сепак со пораз отидоа на шампионатот на планетата.
Тоа ќе биде нивно прво учество по 1974 година, кога под името Заир дебитираше на големата сцена. Конго ќе игра во групата К со Португалија (17 јуни), Колумбија (24 јуни) и Узбекистан (28 јуни).











