Дознале дека се шампиони во фудбал преку – СМС порака

Белгиското првенство прогласи предвремен крај и го круниса Клуб Бриж за нов шампион, а фудбалерите на овој тим на интересен начин дознале дека се прваци на земјата, преку СМС порака.

Целата ситуација ја раскажа голманот Симон Мињоле, а истата се случила нешто пред околу месец дена.

„Примивме СМС пораки дека сме шампиони. Беше доста чудно. Што направив во тој момент? Зедов шампањ, се напивме по една чаша со сопругата и тоа е тоа. Се чувствуваме како шампиони, единствена штета е што не ја прославивме титулата на терен“, изјави Мињоле.

Бриж ја освои шеснаесеттата титула во Белгија, а поради успехот ќе игра во Лигата на шампионите.