• Мартин Танасковски
Франческо Ачерби, 37-годишниот дефанзивец на Интер, го одби повикот на тренерот Лучиано Спалети во репрезентацијата на Италија по поразот во финалето на Лигата на шампионите.
Искусниот дефанзивец го контактира селекторот преку порака и објасни дека нема да присуствува, но не даде конкретна причина. Спалети потврди дека не станува збор за повреда.
Иако беше повикан во националниот тим за прв пат по повеќе од една година, Ачерби одлучи да се повлече и да остане дома. Спалети засега нема да бара замена, но нагласува дека дополнително ќе ја анализира ситуацијата.
Ачерби беше дел од тимот кој загуби со 0-5 од ПСЖ во Минхен во финалето. Пред две години, тој играше и во поразот од Манчестер Сити (0-1), што се два тешки удари за Интер и неговите ветерани.
ФОТО: UEFA