• Саше Љолес
Младиот англиски тренер пристигна во Клуб Бриж на 31 декември 2022 година, а утрово заработи отказ откако неговиот тим загуби на гостувањето во ЛШ против Бенфика со убедливи 5-1.
Поранешниот менаџер на Фулам и Борнмут имаше многу кратка одисеја во белгискиот гигант. Се шпекулира дека Паркер и во пресрет на реваншот со Бенфика бил под притисок за заминување од клубот, а вчерашниот дебакл во Лисабон бил само последната капка.
Официјалното соопштение на социјалните мрежи не беше протоклувано како баш пријателско, од тимот напишаа едноставно „Скот Паркер не е повеќе тренер на Клуб Бриж“.
42-годишниот тренер неславно ја заврши оваа етапа во кариерата. Отказот доаѓа откако Бриж успеа да слави само два пати во дванаесет одиграни натпревари под палката на Паркер. Новото тренерско име ќе биде објавено многу наскоро.