ВИДЕО: Дождот не го расипа славјето – Шкендија крунисана во шампион на Македонија!

Шкендија загуби во последното коло од сезоната од Силекс (1-3), но тоа не влијаеше ништо во конечниот исход од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, затоа што „црвено-црните“ уште пред една седмица ја обезбедија шампионската титула.

Ниту дождот во Тетово не го расипа славјето на петтата титула шампион на Македонија на Шкендија. По завршувањето на натпреварот со Силекс започна церемонијата во која капитенот и повратникот во тимот, Бесарт Ибраими го подигна шампионскиот трофеј. 

Медалите и трофејот на тетовчани им ги додели првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масер Омерагиќ, а меѓу присутните гости беше и поранешниот ас на Шкендија и некогашен репрезентативец на Македонија, Агим Ибраими.