• Иван Димовски
Саботниот ден од викендот во кој се вратија клупските возбудувања на терените во Македонија понуди две одложувања.
Поради дождот кој веќе од петок вечер силно врнеше, како и целокупно лошите временски услови во Македонија, дојде до поместување на два натпревари во Втората македонска фудбалска лига. Терените се поплавени и нема основни услови за фудбалски натпревар.
Се работи за пресметките меѓу Беса и Тетекс, како и Скопје со Осогово. Официјалните лица во соработка со клупските претставници утврдија дека нема услови за игра во Врапчиште и на „Железарница“ во Скопје, па дуелите ќе се одиграат в понеделник во 13:00 часот.
Ужасни услови за игра има и на натпреварот меѓу Арсими и Победа, ама судиите утврдија дека истиот може да се одигра. Нешто подобро е времето во Битола и Струга, каде што се играат уште две пресметки.