Дождот го поплави теренот во Маџари, одложено скопското Куп-дерби

Дождот направи проблеми во Скопје и одложен е Куп-натпреварот меѓу екипите на Работнички и Шкупи кој на програмата беше попладнево од 13:00 часот.

Екипите пристигнаа на местото, но, едноставно, немаше услови за игра. Скопје го зафати невреме, поплавен е теренот на „Борис Трајковски“ во Маџари и делегатите заедно со тимовите одлучија мечот да биде одложен.

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ќе ја закаже средбата во некој друг термин. Останатите три меча се играат регуларно.

Полуфиналето и финалето на Купот на Македонија се предвидени напролет.