• Мартин Танасковски

Екипата на Струга Трим Љум успеа да израмни во финалето против Македонија ЃП (1-1) во вториот дел од второто полувреме на стадионот „Петар Милошевски“ при ФФМ.
Се играше 79. минута кога почна да паѓа дожд, а Фатјон Јусуфи се запиша во листата на стрелците. По едно проигрување откосо и центаршут, топката заврши до Радиќ, но Стефковски одлично одбрани, ама таа потоа заврши до Јусуфи кој реализира.
Јусуфи оваа сезона е осми стрелец во Купот за стружани. Интересно, ова беше прва сериозна шанса за Струга Трим Љум во второто полувреме од натпреварот.